16
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека ЕУ мора да обезбеди долгорочна поддршка на Украина и порача дека е неопходно да се избегне ескалација меѓу Русија и НАТО.
По пристигнувањето на состанокот на Европскиот совет, Шолц им рече на новинарите дека сите членки на ЕУ мора да размислат на што можат да се посветат во однос на воздушната одбрана, артилерија и муниција „за да може Украина да ја брани својата независност и суверенитет“.
За Шолц, како што пренесува Политико, има две главни задачи, а тоа се „запирање на убиствата“ и избегнување на ескалација меѓу Русија и НАТО.