Шолц: На Украина треба веднаш да ѝ се испрати муниција

од Stefanija Kuzmanovska
152 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска, обраќајќи се пред Бундестагот, дека ѝ гарантира на Украина понатамошна воена помош, како од Германија, така и од европските земји.

„Германија, заедно со нејзините европски партнери, ќе обезбеди Украина да продолжи да се снабдува со оружје и опрема за да истрае во одбраната“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц за време на поднесувањето на извештајот за работата на коалициската влада до Бундестагот, во пресрет на состанокот на самитот на Советот на Европската унија следната недела во Брисел.

Тој рече дека сега е многу важно Украина да се снабди со муниција што е можно побрзо.

„На состанокот на Советот на Европската унија следната недела ќе донесеме мерки со нашите европски партнери за да постигнеме подобро и пред се континуирано снабдување“, рече Шолц, истакнувајќи дека Германија веќе обезбедува значајна воена помош за Украина.