Шолц: Навални со живот ја плати храброста да се врати во Русија

од Stefanija Kuzmanovska
190 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска, коментирајќи ја смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, дека Русија „повеќе не е демократска држава“.

Шолц ја опиша смртта на Навални како „депресивна“ и оцени дека е многу храбро што Навални се врати од Германија во Русија, пишува „Зидојче цајтунг“.

Германскиот канцелар оцени дека Навални сега „ја платил таа храброст со својот живот“.

Навални почина денеска во затворска колонија во автономниот округ Јамало-Ненец на 47-годишна возраст.

Канцеларијата на Федералната поправна служба на Русија за автономниот округ Јамало-Ненец соопшти дека по прошетката, Навални се чувствувал лошо и изгубил свест, по што бил неуспешно реанимиран, а причината за смртта се утврдува.

Навални отслужуваше 30-годишна затворска казна во рускиот регион под обвинение за екстремизам и измама, а беше познат како остар критичар на Кремљ.

Слични содржини