Шолц пред да замине за Вашингтон повика на поголема помош за Украина

од Radmila Tasevska
213 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска пред да замине од Берлин за Вашингтон повторно ја истакна потребата од поголема поддршка за Украина во нејзината војна против руската инвазија.

„Сега е моментот кога треба да го направиме она што сега е неопходно, имено заеднички да и дадеме можност на Украина да се брани и во исто време да испратиме многу јасен сигнал до рускиот претседател (Владимир Путин). Сигналот е дека тој (Путин) не може да смета на намалување на нашата поддршка, таа ќе трае доволно долго и ќе биде доволно голема“, додаде Шолц.

Тој ги пофали украинските војници што направиле се што е можно за да ја одбранат земјата, но додаде дека мора да имаат дополнителна поддршка од сојузниците за да ја продолжат борбата.

„И она што досега беше ветено во Европа, она што беше ветено и со резолуциите на американскиот Конгрес, сè уште не е доволно. Мораме да најдеме начин да направиме повеќе заедно, рече Шолц.

Слични содржини