Шолц разговарал со Путин за начините за ставање крај на војната во Украина

од Nikola Popovski
24 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц за време на денешниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин побарал Русија да покаже подготвеност за преговори со Украина и целта за праведен и траен мир и побарал Русија да ги повлече своите трупи од украинска територија.

-Шолц повторил дека Германија е решена да ја поддржува Украина во војната со Русија што е можно подолго, објави портпаролот на германската влада, а пренесува Ројтерс.

Портпаролот додал дека пред да му се јави на Путин, Шолц разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Разговорот меѓу Путин и Шолц траел околу еден час во текот на претпладневните часови.

Двајцата лидери последен пат разговараа во декември 2022 година.

Слични содржини