Русија губи 24.000 војници во Украина секој месец, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц за време на говорот по повод 75-годишнината од германскиот устав, пренесеува „n-tv“.
„ Сетоа тоа за империјалистичката манија на рускиот диктатор. Тој е одговорен за смртта на многу цивили и украински војници“, истакна Шолц.
Путин ги нарушува туѓите граници бидејќи смета дека Украина и Белорусија се дел од Русија, рече Шолц.
Од почетокот на војната, руските трупи веќе загубија повеќе од 502.340 војници убиени и ранети во Украина, објави на 25 мај Генералштабот на украинската армија.
Руските загуби изнесуваат 180.000 мртви и до 500.000, вклучително и ранети, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Од 2022 година, 31.000 украински војници се убиени, тврди Зеленски.
Околу 85 отсто од руските загуби се на исток, изјави на 25 април портпаролот на оперативната група „Хортиција“, Назар Волошин, додавајќи дека оваа бројка се однесува и на војниците и на опремата.