Шолц во ненадејна посета на Киев, носи важна порака за Зеленски

од Nikola Popovski
33 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска пристигнал во ненадејна посета на Украина, со намера да изрази солидарност со таа земја во војната со руската страна и да и ја пренесе силната поддршка на Германија.

Тој пристигнл во Киев рано утринава со ноќен воз, пренесува „Тагесшау“.

Шолц ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и ќе најави дополнителни испораки на оружје во вредност од 650 милиони евра.

„Повеќе од 1.000 дена Украина херојски се бранеше од безмилосната руска агресивна војна. Со оваа посета сакам да изразам солидарност и јасно да кажам дека Германија ќе остане најсилниот поддржувач на Украина во Европа“, рекол Шолц по пристигнувањето во Украина.

Ова е втора посета на германскиот канцелар на Украина од почетокот на војната во таа земја.

Слични содржини