Шолц: Заедно со испораката на тенкови, Германија ќе ја прошири воената помош за Украина

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Германија планира да испрати повеќе воена помош за Украина, покрај испораката на 14 борбени тенкови Леопард 2, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Покрај тенковите за кои сега разговаравме, имаме намера да ги прошириме и претходните испораки“, рече Шолц и наведе дека е можно Германија во иднина да испраќа системи за противвоздушна одбрана, тешка артилерија и повеќецевни ракетни фрлачи во Украина.

Претходно денеска Германија одобри испорака на тенкови Леопард 2 во Украина, како и нивен реекспорт од земјите партнери.

Слични содржини