Шоле и Курти за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина

од Radmila Tasevska
266 прегледи

Премиерот на привремените институции на Приштина Аљбин Курти, денес разговараше со високиот советник на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле, а меѓу темите беа и процесот на дијалог и односите меѓу Белград и Приштина.

Курти му се заблагодари на Шоле за посетата, континуираната комуникација и посветеноста на САД, нагласувајќи дека целта на Приштина е уште посилно партнерство со Америка, објави Индекс онлајн.

Се разговараше и за процесот на дијалог, каде беше истакната потребата од активен и конструктивен ангажман во дијалогот и за интензивирање на напорите за целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Слични содржини