Шолц: Германија го стопира проектот „Северен тек 2“

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави во вторникот дека го суспендира проектот за гасоводот „Северен тек 2“ со Русија како одговор на признавањето од страна на Москва на два отцепени региони во Украина.

Шолц рече дека побарал од германскиот регулатор да го прекине процесот на ревизија на проектот.

„Ова звучи технички, но потребен е административен чекор за да не се изврши сертификација на гасоводот, а без оваа сертификација, Северен тек 2 не може да започне со работа“, рече тој.

Олаф Шолц ја предупреди Русија дека одлуката за прекин на проектот Северен тек 2 е само еден „конкретен“ чекор и дека може да следат дополнителни санкции.

„Постојат и други санкции што можеме да ги наметнеме доколку се преземат понатамошни дејствија, но засега станува збор да се направи нешто многу конкретно“, изјави тој за новинарите.

Слични содржини