Шолц: Германија наскоро ќе го ратификува членството на Шведска и Финска во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
144 прегледи

Оваа недела Германија ќе го започне процесот на формална ратификација на членството на Шведска и Финска во НАТО, што ќе биде „многу брзо“ завршено, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц на крајот од дводневниот самит на НАТО во Мадрид.

Двете нордиски земји вчера беа официјално поканети да влезат во алијансата, а Шолц денеска истакна дека Германија „ги уверува двете земји дека веќе сега, додека процесот на пристапување сè уште не е формално завршен, ја имаат нејзината поддршка“, пренесува АП.

Запрашан дали станува збор за политичка изјава или дали има воени планови за таква поддршка, Шолц одговори дека тоа е „едноставно, солидарноста што земјите си ја должат една на друга“, наведува АП.