Германија сака да ја протурка европската перспектива на Западен Балкан ветена пред две децении во Солун и во исто време очекува кандидатите да се приклучат на санкциите против Русија, истакна денеска во Белград германскиот канцелар Олаф Шолц.
„Кога станува збор за евроинтеграциите, ние ги поддржуваме сите аспирации на Западен Балкан и на тој пат ни требаат реформи во владеењето на правото, слободата на медиумите, борбата против корупцијата. Гледаме дека се донесени реформи во судството, кои претставува таков напредок, но потребни се понатамошни чекори“, рече тој на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ.