Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека неговата земја треба да ги прими Русите кои не сакаат да се борат во војната во Украина.
„Го поддржувам нудењето заштита на овие луѓе. Секако, пред тоа треба да поминат безбедносна проверка, за да знаеме кого пуштаме во земјата“, рече Шолц.
Германската влада неодамна изрази желба да усвои заедничко решение на европско ниво во однос на односот кон руските дезертери, наведува АП.