Шолц: Германија веројатно ќе ја преживее зимата и без руски гас

од Nikola Popovski
227 прегледи

Германија веројатно ќе ја преживее зимата без криза дури и ако запрат испораките на руски гас, рече канцеларот Олаф Шолц, додавајќи дека земјата може да ги искористи своите резерви на гас и да добие повеќе испораки од Норвешка или Холандија.

Владата презеде рани мерки на претпазливост против ваквата криза со полнење на складишта за гас и изградба на терминали за течен природен гас, рече Шолц на состанокот во градското собрание во Есен, пренесе Ројтерс.

„Дури и да се стегне, веројатно ќе ја преживееме зимата“, изјави Шолц и ја повтори својата поддршка за изградба на гасовод од Шпанија преку Франција до остатокот од Европа.

Слични содржини