Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави во Софија дека силно го поддржува договорот за почеток на пристапните преговори во ЕУ меѓу Република Северна Македонија и Албанија.
„Германија разбира дека не е лесно да се надминат историските разлики меѓу соседните земји, но нашето искуство покажува дека тоа е збогатувачко за сите кога станува збор за надминување на недовербата и градењето пријателски односи со соседите. Затоа силно го поддржувам договорот за почеток на пристапните преговори во ЕУ меѓу Република Северна Македонија и Албанија. Мислам дека има шанси за напредок. Ќе ја продолжиме дискусијата и размената меѓу нас до крајот на француското претседателство и се надевам дека ќе напредуваме. Убеден сум дека заедно ние Европејците сме одговорни за ЕУ и за стабилноста на Балканот. Важно е сега да го искористиме процесот на проширување, за доброто на Европа“, рече Шолц.
Западен Балкан мора да има сигурна европска перспектива, рече Шолц и додаде дека поддржува Северна Македонија да ги исполни условите.
Германскиот канцелар во Софија дојде од Скопје, каде претпладнево беше во посета.