Германскиот канцелар Олаф Шолц повика денеска на проширување на Европската унија, велејќи на состанокот на европските социјалдемократи дека тогаш ЕУ ќе може подобро да ја покаже својата сила во глобалните прашања.
Откако ја презеде функцијата, Шолц го направи проширувањето на Европската унија со вклучување на Балканот и другите нации главен елемент на неговата надворешна политика, објави „Ројтерс“.
Во моментов ЕУ има 27 земји-членки.