Шолц: Украина во моментов е најголемиот предизвик за светот

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека рускиот напад врз Украина е најголемиот предизвик со кој се соочуваат Германија и светот во моментов.

Шолц ова го изјави на летната прес-конференција која стана годишна традиција на неговата претходничка Ангела Меркел, пренесува „Дојче веле“.

Германскиот канцелар објави дека Германија ја прекршила традицијата да не доставува оружје во конфликтните зони со тоа што сега го испраќа во Украина за да ѝ помогне во борбата против руските инвазивни сили.

Слични содржини