Шон Пен пристигна во Киев за да им даде поддршка на Украинците

од Vladimir Zorba
889 прегледи

Оскаровецот Шон Пен (61) моментално е во Украина. Тој пристигна во Киев пред нападот на Путин. Кабинетот на претседателот на Украина потврди дека Пен дошол да го снима конфликтот во нивниот главен град.

– Оскаровецот Шон Пен пристигна во Украина. Тој дојде да ги сними актуелните настани и да му ја каже вистината на светот за руската инвазија на нашата земја. Пен е меѓу оние кои денес ја поддржуваат Украина во Украина. Нашата земја му е благодарна за неговата храброст и чесност, се вели во соопштението.

Оскаровецот го посети Кабинетот на претседателот и разговараше со вицепремиерката Ирина Верешчук, како и со локални новинари и припадници на украинската армија.

– Колку повеќе такви луѓе сега има кај нас, вистински пријатели на Украина, кои ја поддржуваат борбата за слобода, толку побрзо ќе биде можно да се запре рускиот предавнички напад – додаваат тие.

Да потсетиме, актерот ја посети Украина во ноември 2021 година, за да сними документарен филм за оваа земја.

Слични содржини