Шојгу: НАТО ја повикува Украина да заземa руски територии и тоа може да заврши непредвидливо

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Испраќањето на западно оружје во Украина активно го вклучува НАТО во конфликтот и тоа може да доведе до „непредвидливо ниво на ескалација“, рече рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„САД и нивните сојузници отворено ја повикуваат Украина да заземa руски територии. За да го постигнат тоа, тие почнаа да снабдуваат тешко офанзивно оружје. Овие акции ги вклучуваат земјите на НАТО во конфликтот, во специјалната операција и може да доведат до непредвидливо ниво на ескалација“, изјави Шојгу.

Украинските загуби во јануари изнесуваат повеќе од 6.500 војници, 26 авиони, седум хеликоптери и 341 тенк. Претставниците на руското Министерство за одбрана традиционално не известуваат за загубите на руската армија.

Како резултат на офанзивните акции на руските трупи, беа заробени Соледар, Клешеевка, Подгорное, Краснополе, Благодатное, Лобково и Николаевка. Борбените операции кај Угледар и Бахмут успешно се развиваат за руската армија, најави Шојгу.

За руското Министерство за одбрана се развива систем за далечинско следење на сателити за сите временски услови. Тоа ќе помогне да се подобри ефикасноста на војниците, најави рускиот министер за одбрана.

Во меѓувреме, Украина објави руско гранатирање на цивилни објекти, вклучително и болница во североисточниот град Вовчанск, пренесе Асошиетед прес,.

Украинските власти сугерираат дека Русија подготвува нова масовна офанзива во деновите околу годишнината од инвазијата на нејзините сили во Украина на 24 февруари минатата година.

Болницата во Вовчанск, регионот Харков, се запали доцна синоќа како последица на гранатирање, соопштија украинските служби за итни случаи.

Спасувачките екипи евакуираа осум цивили од зградата пред да продолжат со борбата со пожарот, кој беше изгаснат. Во пожарот нема повредени, се вели во соопштението.

Слични содржини