Ручек за кој ви требаат само 15 минути.
Состојки:
– 400 гр шпагети
– 4 чешниња лук
– грст свеж магдонос
– 2 свежи лути пиперки
– 6 лажици маслиново масло
– сол
– пармезан
Подготовка:
Лукот исечкајте го на тенки парчиња, а магдоносот ситно исечкајте го. Свежите лути пиперки исто така исечкајте ги на тенки прстени.
Сварете ги шпагетите во солена вода. Гответе ги минута-две пократко, да бидат „ал денте“.
Додека се варат шпагетите, загрејте го маслиновото масло во длабока тава на умерена температура. Додадете лук и лута пиперка, па пржете две до три минути.
Промешајте за да не изгори лукот.
Кога лукот ќе се карамелизира и шпагетите се готови, земете една лажичка вода во која се варени тестенините и додадете ја во тавата со лукот и пиперката и убаво измешајте.
Потоа додадете ги исцедените шпагети.
Додадете сечкан магдонос и по една минута, кога шпагетите ќе се соединат со сосот, тргнете ги од шпорет.
Додадете дополнителна сол доколку е потребно.
Пред сервирање посипете со пармезан.