ШПАГЕТИ со печурки и ГОРГОНЗОЛА! Брз пролетен оброк!

од Vladimir Zorba

Овој вкусен рецепт за шпагети со печурки и горгонзола лесно се подготвува и ќе го задоволи сечиј вкус.

Горгонзола му дава посебна нота на ова јадење, па затоа, уживајте!

Состојки:

400 гр шпагети
главица кромид
две чешниња лук
400 гр печурки
600 гр излупени домати
свеж босилек, оригано
125 гр горгонзола
сол, бибер
масло

Подготовка:

Сварете ги шпагетите во солена зовриена вода, според упатството на пакувањето. Во поголема тава на врело масло пропржете го сечканиот кромид, па додадете го издробениот лук и мешајте уште една минута.

Потоа ставете ги исечканите на листови печурки, посолете и побиберете и мешајте додека не испари вишокот течност.

Додадете ги сечканиот магдонос, ориганото и босилекот, варете додека не зоврие, па намалете ја топлината и динстајте бавно уште 20 минути.

Додадете ги исцедените шпагети, посипете со распарчена горгонзола и послужете ги додека се топли.

На здравје!

Слични содржини