Четири европски земји наскоро би можеле да ја признаат Палестина

од Nikola Popovski

Ирска, Шпанија, Словенија и Малта размислуваат да ја признаат палестинската држава на 21 мај, објави ирската државна телевизија.

„RTE News“ синоќа посочи дека се интензивираат разговорите меѓу Даблин, Мадрид, Љубљана и Ла Валета за потенцијалното заедничко признавање на палестинската државност.

Ирската телевизија тврди дека споменатите земји го чекаат гласањето на Генералното собрание на Обединетите нации на 10-ти мај што може да резултира со отворање на патот на Палестина за членство во организацијата.

Четирите земји во заедничката изјава на 22 март соопштиле дека се договориле за првиот чекор кон признавањето на Палестина.

Шпанија и Ирска долго време се застапници на палестинските права. Оваа иницијатива доаѓа во време кога поради големиот број загинати цивили во израелската офанзива на Газа, меѓународната заедница повикува на прекин на огнот и долгорочно решение за мир во регионот.

Од 1988 година, палестинската држава е призната од 139 од 193 членки на Обединетите нации.

Израел тврди дека планот на четирите европски земји е „награда за тероризмот“ што ќе ги намали шансите за мировни преговори во Газа.

Слични содржини