Шпан: ЦДУ/ЦСУ сакаат што поскоро да започнат разговори за формирање влада

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Заменик шефот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот, Јенс Шпан денеска изјави дека коалицијата сака што поскоро да ги започне преговорите за формирање нова германска влада.

„Од наша гледна точка, тоа може да започне многу, многу брзо. Треба да ги имаме првите разговори веќе оваа недела, во наредните денови“, рече тој за АРД.

Шпан, исто така, рече дека ЦДУ/ЦСУ мора да биде подготвена за компромис во разговорите со Социјалдемократската партија (СПД), додавајќи дека ќе биде клучно дали двете партии имаат заедничка волја за зајакнување на Германија, враќање на довербата во демократијата и ограничување на имиграцијата.

„Мојот впечаток е дека има многу луѓе во СПД кои исто така гледаат дека заедно можеме и треба да направиме нешто, а потоа ќе најдеме компромиси“, рече Шпан, според Гардијан.

Тој, алудирајќи на актуелната глобална ситуација и војната во Украина, рече дека на „Европа и треба германско лидерство“.

Слични содржини