Шпан: ЕМА ќе ја одобри вакцината против коронавирусот до 23 декември

од Vladimir Zorba
299 прегледи

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан денеска изјави дека добил уверување дека европските регулатори ќе ја одобрат вакцината на „Фајзер“ и „Бајонтек“ против коронавирусот до 23 декември, во изјавите по изразената нетрпеливост на германските власти во врска со одобрувањето на вакцината во ЕУ.

Денес Шпан пред новинарите во Берлин изјави дека ги „поздравува“ извештаите на германските медиуми дека Европската медицинска агенција (ЕМА) ќе го заврши одобрувањето на вакцината до 23 декември, а не како што се очекуваше на состанокот на 29 декември.

На прашањето на АП дали директно добил потврда дека вакцината ќе биде одобрена дотогаш, Шпан рече да и дека „во спротивно немал да го каже тоа“, но додаде дека „ЕУ треба да објави“.

Министерот не рече кога ја добил потврдата, а ЕМА не одговори веднаш на прашањето на агенцијата „АП“ за тоа кога точно ќе ги објават своите наоди за процесот на одобрување.

Слични содржини