Германскиот министер за здравство Јенс Шпан денес изјави дека патувањето во рамките на Европската унија најверојатно ќе биде можно без потврда за вакцинација против коронавирусот.
„Патувањето во ЕУ најверојатно нема да зависи од сертификатот за вакцинација. Ќе може да се движи низ Европа и со тестови“, изјави Шпан за „Рајнише пост“.
Тој самиот, како што додаде, ќе го помине одморот во Германија.
„Во оваа, се надевам дека последната фаза од пандемијата, не би планирал долги патувања. Накратко, Северното Море наместо Тихиот Океан“, изјави Шпан за германскиот весник.