Шпан: Возраста за пензионирање во Германија ќе мора да се зголеми на 70 години

„Ако сакаме да го задржиме обемот на социјалните бенефиции без да им ставиме преголем товар на идните генерации, ќе мора да работиме подолго“, додаде тој.

од Vladimir Zorba
68 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Феникс

Возраста за пензионирање во Германија ќе мора да се зголеми од сегашните 67 на 70 години, изјави лидерот на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ, Јенс Шпан.

Во гостувањето во емисијата „Мајсбергер“ на јавниот радиодифузен сервис АРД, Шпан рече дека сегашната возраст за пензионирање од 67 години ќе биде целосно имплементирана до 2030/31 година, но дека нема да застане тука, бидејќи, како што изјави, работниот век мора да се продолжи и со подолгиот животен век на населението.

„Ако сакаме да го задржиме обемот на социјалните бенефиции без да им ставиме преголем товар на идните генерации, ќе мора да работиме подолго“, додаде тој.