Шпанец на судење во Мадрид под обвинение дека ја „убил и изел својата мајка“

од Stefanija Kuzmanovska
358 прегледи

На маж му се суди на суд во Шпанија затоа што наводно ја убил својата мајка, го распарчил нејзиното тело и го изел.

Алберто Санчез Гомез беше уапсен во 2019 година, откако полицијата на повик на негов пријател упаднала во станот на неговата 66-годишна мајка.

Полицијата соопшти дека пронајдените делови од телото биле расфрлани околу станот, а некои биле во пластични садови.

Обвинетиот пред судот кажал дека не се сеќава дека ја распарчил и изел својата мајка.

Се наведува дека пред апсењето тој страдал од нарушување на личноста, како и дека бил зависник од дрога.

Шпанските медиуми јавуваат дека тој ѝ бил познат на полицијата по насилството врз неговата мајка Марија Соладад Гомез и дека ја прекршил забраната за пристап при апсењето.

Ужасната сцена што полицијата ја пронајде во куќа во источен Мадрид во февруари 2019 година беше раскажана пред судот.

Некои делови од телото биле во фаза на готвење, а други биле спакувани во пластични садови, наведе „Ел Мундо“.

Осомничениот, кој во тоа време имал 26 години, признал дека ја задавил својата мајка и рече дека понекогаш јадел делови од нејзиното тело, а понекогаш му ги давал на кучето.

Слични содржини