Шпанија одлучи да ги заостри правилата за рекламирање криптовалути, објави неодамна државниот берзански регулатор. Таа се одлучи за таков потег за да се осигура дека инвеститорите се свесни за ризиците поврзани со криптовалутите.
Новите правила стапуваат на сила во февруари. Рекламирањето на нерегулирани криптовалути, како што е биткоинот, нагло порасна, главно поради онлајн инфлуенсерите, што го привлече вниманието на регулаторните тела ширум светот, пренесе Seebiz.
Според новите правила, кои ќе стапат на сила во Шпанија следниот месец, рекламите за криптовалути ќе мора да бидат „јасни, избалансирани, непристрасни и незаведувачки“, според шпанската владина агенција CNMV, која е задолжена за регулирање на берзата. се вели во соопштението.
Рекламите, исто така, ќе треба да содржат информации за ризик на видно место. Сепак, давателите на крипто услуги ќе мора да го известат регулаторот најмалку десет дена однапред за сите реклами насочени кон најмалку 100.000 луѓе. Овие правила ќе важат и за промотивни активности и рекламирање во име на други, како и инфлуенсери.
Во ноември минатата година, регулаторот ја „нападна“ и шпанската фудбалска ѕвезда Андрес Иниеста, откако тој промовираше криптовалути на своите социјални мрежи.
CNMV на Twitter одговори дека треба да се информира за криптовалутите пред да инвестира во нив или да ги препорача на други.
Според порталот, Кина минатиот септември одлучила да го заостри својот бизнис со криптовалути, прогласувајќи ги таквите трансакции за нелегални.