Шпанскиот премиер Маријано Рахој смета да треба да се прекине една шпанската традиција – сиестата. Според него така ќе се зголеми продуктивноста, објавијаа шпанските медиуми.
Интересно е дека повеќето Шпанци ја сметаат тричасовната сиеста од 14- 17 часот, за ударна и ха поддржуваат идејата на премиерот да се регулира работното време според централноевропските стандарди. Уште за време на предизборната кампања Рахој ветуваше дека ќе работи за отстранување на попладневниот одмор. Во новиот предлог е предвидено работниците да имаат пауза за ручек од половина час и да се отстрани времето за појадок, што до сега беше во рамките на 20 мин.
“Таква промена бара и промена на свеста”, тврди Фабијан Мохедан, член на Советот за реформи на работното време. Според многу медицински анализи сиестата позитивно влијае на здравјето, но исто така и на концентрацијата. Рахој има намера исто така и да воведе промена во временската зона по Гринич, односно да се врати временската зона во која државата била пред шпанскиот диктатор Франко да ја промени.