Шпанија на украинските бегалци ќе им дава по 400 евра месечно

од Stefanija Kuzmanovska

Шпанската влада одобри уредба со која ќе се воспостави помош за украинските бегалци во таа земја, кои ќе добиваат 400 евра месечно.

Помошта е наменета за граѓаните на Украина кои добиле привремена заштита во Шпанија и немаат доволно финансиски средства, а покрај 400 евра ќе се исплатат дополнителни 100 евра за секое малолетно лице.

Според официјалните податоци на владата, од почетокот на војната меѓу Украина и Русија, привремена заштита во Шпанија добиле 130.000 луѓе. Тие ќе можат да ја добиваат оваа помош најмногу шест месеци.

Слични содржини