Поранешниот крал Хуан Карлос ќе се врати во Шпанија оваа недела по речиси две години во егзил во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), потврди шпанската кралска палата.
Тој ја напушти Шпанија откако беше под истрага од страна на полицијата и обвинителството за наводна вмешаност во корупција.
Но, трите истраги против 84-годишниот поранешен монарх беа прекинати во март, отворајќи го патот за враќање во Шпанија.
Поранешниот крал треба да пристигне во Шпанија во четврток.
Тој планира да помине време со своето семејство во Санксон, северозападна Шпанија, а најавено е дека во главниот град Мадрид ќе се види со својот син, кралот Фелипе Шести.
Посетата е дел од неговата „желба редовно да ги посетува семејството и пријателите во Шпанија“, се вели во соопштението на палатата.