Шпанија, Португалија и Мароко ќе бидат организатори на Мундијалот во 2030 година, а потврдено е дека четири години подоцна Светското првенство во фудбал ќе се одржи во Саудиска Арабија.
Уругвај, Аргентина и Парагвај ќе бидат и коорганизатори на Светското првенство во 2030 година, а секој натпревар ќе го организираат во своите земји, беше одлучено на Конгресот на ФИФА.
ФИФА објасни дека првите три натпревари на Светското првенство во 2030 година ќе се играат во Уругвај, Аргентина и Парагвај со цел да се одбележи стогодишнината од првото Светско првенство во Монтевидео во 1930 година на овој континент. Уругвај беше домаќин, Аргентина беше првиот финалист, а Парагвај е седиште на КОНМЕБОЛ.
Директен пласман на СП 2030 ќе имаат Шпанија, Португалија, Мароко, но и Аргентина, Уругвај, Парагвај, како и Саудиска Арабија четири години подоцна.
Шпанија, Португалија и Мароко имаат регистрирано 20 стадиони кои потенцијално ќе бидат домаќини на натпревари на Светското првенство, шпанските 11, вклучувајќи ги и реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ и „Камп Ноу“ кој се проширува на 105.000 седишта, Португалија ќе учествува со три објекти (Хозе Авеладе, Да Луз и Драгао), и Мароко со шест, вклучувајќи го и новиот стадион што се гради во Казабланка.
На Мундијалот ќе учествуваат 48 селекции: 16 од Европа, осум од Азија, девет од Африка, шест од КОНКАКАФ, шест од Јужна Америка и една од Океанија. Двете преостанати места ќе бидат обезбедени преку плеј-оф со шест екипи.