ШПАНИЈА денес ги отвора своите граници за патниците вакцинирани против коронавирусот, кои доаѓаат од ЕУ, трети земји или земји поврзани со Шенген, со надеж дека ќе го оживеат својот туристички сектор.
Патниците што пристигнуваат во Шпанија треба да имаат потврда за вакцинација против коронавирус.
Според шпански „Ел Паис“, секој што примил вакцина одобрена од Светската здравствена организација и Европската агенција за лекови, може да влезе во Шпанија, односно вакцини од компаниите Фајзер / Бајонтек, Модерна, АстраЗенека, Јансен, Синофарм или Синовак-Коронавак.
Патниците кои доаѓаат од земја на списокот на ризични зони, како што се Франција или Германија, можат да достават тест за антитела наместо ПЦР, додека другите патници од земјите на ЕУ кои имаат низок ризик, не мора да покажуваат тестови за влез.