Шпанија во трка со времето за отстранување на снегот пред новиот леден бран

од Берта Китинска
369 прегледи

Десетици сантиметри снег ги покри Мадрид и дел од Шпанија во петокот и саботата и го парализираше сообраќајот. Од петокот, централниот регион има најголем снег од 1971 година.

Снежното невреме наречено Филомена донесе обилни дождови во другите делови на Шпанија и уби три лица.

Температурите се очекува да бидат под минус десет степени Целзиусови во голем дел од внатрешноста на земјата .

„Нашата цел е да го искористиме секој момент пред понеделник кога ќе се намали температурата“, за да се отстрани снегот од главните патишта пред да се претвори во мраз, изјави синоќа градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида.

Тој предупреди дека од сега до крајот на неделава ќе биде многу тешко да се движат во главниот град, каде снегот престана да паѓа вчера попладне.

Во Мадрид мораше да се распореди армија за расчистување на пистите на меѓународниот аеродром, кој ќе остане затворен барем до ова попладне, како и пристап до болниците кои се уште се под притисок поради пандемијата на коронарниот вирус.

Според владата, сообраќајот се уште бил во прекин или нарушен на повеќе од 700 патишта утрово, додека возовите што сообраќале од и од Мадрид биле откажани до попладнево.

Невремето денес се движи кон Каталонија и Арагон на североисток од земјата, каде има снег помалку од оној што падна во централниот дел на земјата во претходните два дена.

Слични содржини