Шпанија за првпат по еден месец бележи пад на бројот на новозаразени

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

Бројот на лица заразени со коронавирус во Шпанија падна под 400 на 100.000 жители за првпат по еден месец, што донесе оптимизам во некои делови на земјата како Каталонија, која повторно ги отвори кафулињата.

Во последните две недели се заразиле 374 лица на 100.000 жители, објави во понеделникот шпанското Министерство за здравство.

Во Барселона, кафулињата и рестораните беа присилно затворени во последните 40 дена, а околу 70 проценти од нив повторно се отворија во понеделникот, соопшти Каталонското здружение на угостители. Каталонската влада им дозволи да работат со капацитет од 30 проценти. Културните настани, кои исто така беа забранети, повторно беа дозволени со капацитет од 50 проценти.

За време на викендот, премиерот Педро Санчез најави вакцинирање на значителен број жители по јануари, а во вторник левичарската коалициска влада треба да претстави детали за планот за вакцинација. Шпанија, заедно со Германија, може да биде прва што ќе ги вакцинира жителите.

Додека вакцината не пристигне во Шпанија, секоја од 17-те автономни провинции воведува самостојно мерки за контрола на коронавирусот.

Слични содржини