Шпанската полиција му помага на Киев во истрагата за воени злосторства

од Stefanija Kuzmanovska
166 прегледи

Шпанската полиција ќе биде распоредена во Украина во наредните недели за да помогне во истрагата за наводните воени злосторства, најави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез на Парламентарното собрание на НАТО во Мадрид.

Претходно делегација на претставници на шпанската полиција веќе пристигна во Киев за да се сретне со претставници на украинското Јавно обвинителство, соопшти шпанското министерство за внатрешни работи, пренесува „Ројтерс“.

Шпанските полицајци ќе работат заедно со украинските истражители и обвинители за да соберат докази кои би можеле да бидат вклучени во истрагата за наводно кршење на меѓународното право по рускиот напад врз Украина во февруари.

Слични содржини