Шпанската полиција разби мрежа која илегално извезувала одбранбени материјал во Саудиска Арабија

од Radmila Tasevska
191 прегледи

Министерството за внатрешни работи на Шпанија денеска соопшти дека е разбиена мрежа вмешана во нелегален извоз на одбранбен материјал во Саудиска Арабија.

Мрежата наводно извезла тенкови мотори и други делови од борбени возила во вредност од над 2,8 милиони евра. Во полициската акција уапсено е едно лица, а неколкумина се под истрага.

Тенковите и другите воени возила ги користеле саудиските сили во Јемен.

– Мрежата не само што ја избегнувала шпанската контрола на извозот и процесите за лиценцирање, туку и ги прекршила резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации поврзани со војната во Јемен, истакнува шпанското МВР.

Истрагата открила и дека компанијата, покрај снабдувањето со воена опрема, нудела и техничка помош за модернизација на оклопните возила на саудиските вооружени сили.

– Оваа интервенција не само што ја спречи компанијата под истрага да продолжи со нелегално извезување воени материјали без никаква контрола … туку и спречи тие материјали да се испраќаат во области на воен конфликт, како во Јемен или во други земји во Блискиот Исток, се посочува во соопштението.

Слични содржини