Шпански омлет

од Stefanija Kuzmanovska
330 прегледи

Омлетот е секогаш добар предлог за појадок, а овој сигурно ќе ве засити.

Состојки:

– 6 јајца

– 2 лажички сув билен зачин

– 1 средна главица кромид

– 3 средни компири

– масло за пржење

Подготовка:

Исечете го кромидот и компирот на тенки прстени.

Во голема тава загрејте го маслото, додадете го кромидот и компирот и пржете на средна температура 10 до 15 минути додека не се добие боја.

Исцедете го зеленчукот од маслото.

Јајцата се матат, се додава зачинот и изладениот пржен зеленчук, се промешува и се остава да отстои 15 минути.

На загреана тава подмачкана со масло истурете ја смесата од јајцата и зеленчукот, пржете околу една минута на повисока температура.

Намалете ја топлината и пржете уште неколку минути.

Превртете го омлетот со помош на чинија и печете на пониска температура околу три минути.

Слични содржини