Шпанскиот парламент забранува испорака на оружје во Израел за да се запре геноцидот врз Палестинците

Законот беше усвоен со 178 гласови „за“ и 169 „против“. Шпанската влада го спроведува ембаргото во пракса од октомври 2023 година.

од Vladimir Zorba
17 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Блумберг

Шпанскиот парламент денес забрани испорака на оружје во Израел за да се запре геноцидот на Израел врз Палестинците во Појасот Газа, според текстот на регулативата, за која се залагаше социјалистичкиот премиер Педро Санчез.

Законот беше усвоен со 178 гласови „за“ и 169 „против“. Шпанската влада го спроведува ембаргото во пракса од октомври 2023 година.

Израелската влада го повлече својот амбасадор во 2024 година, кога Шпанија ја призна државата Палестина.

Текстот што беше изгласан денес предвидува итни мерки за поддршка на Палестинците, забранува секаков извоз на воена опрема, производи или технологии во Израел, нивниот увоз во Шпанија, одбива транзит на авионско гориво со потенцијална воена употреба и забранува рекламирање на производи „кои потекнуваат од нелегални (еврејски) населби во Газа и Западниот Брег“.

Шпанија е една од најгласните во Европа против израелската воена офанзива во Појасот Газа, што е одговор на нападот на палестинското движење Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

Законот беше донесен денес за да се избегне совпаѓање со годишнината од нападот на Хамас, објави шпанскиот печат, а израелската амбасада во Мадрид изјави дека изборот на датум „за ембарго за оружје против Израел е цинична одлука на шпанската влада, која заслужува осуда“.