Шпанскиот премиер најави помилување на притворените каталонски лидери

од Stefanija Kuzmanovska
336 прегледи

Шпанската влада планира да помилува девет лидери на неуспешниот обид на Каталонија да прогласи независност во 2017 година, објави во понеделникот премиерот Педро Санчез.

Со помилувањата кои владата треба да ги потврди на седница, социјалистичкиот премиер Санчез сака да ги намали тензиите во североисточниот регион и на тој начин да започне преговори меѓу Мадрид и каталонските власти.

„Конфронтацијата не реши никаков проблем“, рече тој во говорот во познатата опера во Барселона, настан на кој присуствуваа околу 300 претставници на каталонското граѓанско општество.

„За да се постигне договор, некој мора да го направи првиот чекор“, рече Санчез и додаде дека шпанската влада ќе го стори тоа.

Анкетите претходно покажаа дека околу 60 проценти од Шпанците, вклучувајќи ги скоро сите опозициски партии, се спротивставуваат на ослободувањето на деветмина политичари и активисти приведени во 2019 година за нивната улога во хаотичните и насилни настани што ја предизвикаа најголемата политичка криза во Шпанија во последните неколку децении.

Слични содржини