Шпанците наместо АстраЗенека ќе примат Фајзер како втора доза

од Nikola Popovski
272 прегледи

Шпанското Министерство за здравство предложило лицата под 60 години кои ја примиле првата доза на АстраЗенека да ја прифатат вакцината Фајзер како втора доза, објави весникот „Ел Паис“. Како и неколку други европски земји, Шпанија забрани употреба на вакцини од англо-шведскиот производител АстраЗенека за лица помлади од 60 години, бидејќи регулаторните агенции ја поврзуваат оваа доза со ретка форма на згрутчување на крвта во мозокот, главно кај помлади жени.

Државната здравствена комисија сепак ќе разговара пред да донесе конечна одлука, изјави Ел Паис, повикувајќи се на неименувани извори, пренесува Ројтерс.

Предлогот дојде по студија спроведена од владиниот институт за здравство „Карлос III“, во која се вели дека мешањето на двата вида вакцина е безбедно и ефикасно.

Официјален претставник на институтот „Хесус Фриас Иниеста“ изјавил дека 600 лица учествувале во истражувањето од различни делови на Шпанија.

Строгите епидемиолошки мерки и вакцинацијата почнаа да даваат резултати во Шпанија, една од петте земји најмногу погодени од пандемијата на коронавирус во Европа.

Слични содржини