Шпекулации или вистина: Зошто Северина го изгуби старателството над синот?

од Elena Daskalova
378 прегледи

Минатата недела балканската сцена остана во шок откако една од најголемите музички ѕвезди се соочи со тешка судска одлука, да остане привремено без старателство над својот син.

Но, како што веќе се шпекулира меѓу блиските луѓе на Северина и балканските медиуми, причини за одземање на старателството биле непочитување на судот, занемарување на обврските кон детето и секако, одбивање на соработка со биолошкиот татко, што очигледно одиграло огромна улога во тоа кај кого ќе припадне малиот Александар.

Како што пишува српски „Курир“, таа била должна да го зема детето од училиште, но честопати доаѓал сегашниот сопруг Игор Којиќ, иако не бил на таканаречената пик-ап листа на луѓе кои можат да го земат детето. Наводно, тој откако не успеал да го земе Александар, го бодрел да побегне од училиште. Ова веднаш го дознал Поповиќ, кој интервенирал со полиција.

Од друга страна пак, Северина испратила мејл дека самата нема да може да дојде и дека наместо неа, детето ќе го земе Игор. Не се знае дали оваа порака била игнорирана или воопшто не била прочитана. Случајот се обидела да го реши во разговор со Поповиќ, но тој не соработувал.

Исто така, пејачката имала забелешка што ниеден доказ против Поповиќ не се зема предвид во судскиот процес, туку само оние против неа, а и тврдела дека тој манипулира со нивниот син. Уште повеќе ја повредило тоа што Милан се сетил на синот дури кога Северина го запознала Игор, а претходно воопшто не го интересирало што се случува.

Останува да се види епилогот од семејната драма на пејачката и на кој начин овој судски процес ќе се реши и во чија корист.

Слични содржини