“Шпигел”: Брисел го отфрли тајниот предлог на Москва за Украина

од desk3
78 прегледи

Во Брисел пристигнал руски предлог на 52 страници за регулирање на трговските односи меѓу ЕУ, Русија и Украина, објави “Шпигел”. Се споменува дека од руска страна посакуваат тој да биде дебатиран во тајност од медиумите. Но од Европската комисија го отфрлиле предлогот, бидејќи со таков трипартитен договор практично ќе биде запрен пристапот на Украина со ЕУ. Иницијативата на Владимир Путин била насочена кон зачувување на руските интереси откако стапи во сила Договорот за слободна трговија на ЕУ со Украина. Ова треба да се случи на 1 јануари 2016 година и Русија одамна предупредува дека постојат ризици за нејзината економија по овој датум.

јункер

Причина за отфрлање на рускиот предлог станал и фактот дека во документацијата на предлогот беа вклучени и 30 руски претпријатија регистрирани во Крим. Ако Брисел беше го прифатил трипартитниот договор, тој практично требаше да го направи првиот чекор кон признавањето на анексијата на полуостровот од Москва.