„Шпигел“: Шолц одлучи, испраќа тенкови Leopard 2 во Украина

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц донел одлука да му дозволи на Берлин да испрати тенкови Leopard 2 во Украина, пишува германски „Шпигел“.

Германија, исто така, ќе дозволи и други земји, како Полска, да го сторат тоа.

Се работи за тип Leopard 2A6. Според германскиот неделник, одлуката се однесува на „барем една група“ тенкови Leopard 2A6.

Шпигел додава дека другите сојузници на НАТО, на пример во Скандинавија, имаат намера заедно со Германија да ги испорачаат своите тенкови Leopard во Киев.

Официјалната одлука за испраќање на тенковите ќе биде донесена утре.

Слични содржини