Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој во родната земја беше критикуван поради неговата блискост со рускиот претседател Владимир Путин, моментално е во Москва, потврди Кремљ.
Шредер изјави дека пристигнал на одмор во руската метропола.
„Пристигнав на неколку дена одмор. Москва е убав град“, изјави поранешниот германски канцелар и додаде дека се точни тврдењата дека моментално се наоѓа недалеку од седиштето на рускиот Роснефт.
На прашањето дали ќе се сретне со Путин, Шредер повтори дека е на одмор во Москва.
Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој во родната земја беше критикуван поради неговата блискост со рускиот претседател Владимир Путин, моментално е во Москва, потврди Кремљ.
Сепак, германската јавност не му верува.
Министерот за труд на Германија, сопартиецот на Шредер од СПД, Хубертус Хајл, остро го критикуваше поранешниот канцелар.
„Подолго време веќе не го разбирам таквото однесување, особено во овие времиња“, рече Хејл, додавајќи дека владата немала никаков удел во организирањето на патувањето на Шредер.
Да потсетиме, во мај, по големиот притисок на кој беше изложен во Германија, Шредер најави дека ќе ги напушти позициите во Роснефт и Газпром.
Исто така, во рамките на СПД беше поведена постапка за исклучување на Шредер од партијата.
Фото: VLADIMIR RODIONOV/GETTY IMAGES