Во Краков овие денови се фрла кафе низ улиците, како замена за солта, за да се заштитат површините од мраз.
Одделот за одржување на паркови и зелени површини објаснува дека кафето е добро за животната средина, а во исто време поевтино од солта. Таа одлука ги воодушеви жителите и бројните кафулиња кои сега не ги фрлаат остатоците од кафе во ѓубре.
На веб-страницата на оваа служба се наведува уште една добра причина во корист на кафето: таа е безопасна за кучињата и останатите миленици наспроти солта што не е добра за нивните шепи.
Повеќе од 50 кафулиња се јавиле на повикот, а талогот од кафе се доставува до службите за попрскување на снежните површини. Властите се надеваат дека ќе ги охрабрат жителите да купуваат што повеќе кафе за носење и на тој начин да им помогнат на угостителите „во овие тешки времиња“ на пандемијата на коронавирус.
Кафулињата и рестораните во Полска сега имаат право да подготвуваат пијалоци и јадења само за носење.
– Тоа е прекрасна идеја. Моето куче со нетрпение го очекува тоа – вели Бартек на прошетка со своето куче Фуриа, австралиски овчар.
Друг минувач се радува што нема повеќе да се користи „штетната сол“, а трет верува дека „одлуката ќе охрабри повеќе луѓе да купуваат кафе за носење“.