Штипските средношколци ги испратија барањата до МОН, бојкотот на наставата ставен во мирување

од desk3
87 прегледи

104974

Штипските средношколци денеска ги испратија барањата до Министерство за образоние и како што велат, ќе чекаат одговор, а дотогаш бојкотот на наставата е ставен во мирување.

На средношколците од Скопје, Куманово, Тетово и Штип вечерва им се приклучуваат битолските средношколци. Откако не им беше дозволено да имаат средба во просториите на училиштето тие вечерва на отворено ќе дискутираат за проблемите во образованието. Вчера министерот Адеми рече дека бојкот нема, а проектот државна матура се спроведувал успешно.