Тие нема да прифатат формирање техничка влада која ќе организира фер и чесни избори. На таков чекор сега може само да бидат принудени. Принудата може да ја направи или меѓународната заедница со блокади и санкции за земјата или опозицијата со протести и штрајкови.

За жал, она што ниту САД ниту ЕУ се’ уште не сакаат да го видат, е тоа дека Македонија денес е под власта на една фамилија, која себе се нарекува раководство на политичката партија ДПМНЕ, анализира Ѓорѓи Спасов за Утрински весник.
Единствениот проект на таа фамилија, кој реално се остварувал во овој период, имал наслов: „Како систематски да ја ограбиме Македонија, а за тоа никој од нас да не одговара“. И тоа било можно само на еден начин. Како и во секој филм за активностите на мафијата, било неопходно да се воспостави систем во кој ќе бидат ставени под контрола полицијата, судството, а по потреба дури и „конгресот“, кој ќе го озаконува криминалот и ќе ја оневозможува контролата.
Кога шефот на една таква организација ќе дојде во позиција „преку џокер“ да ги избира и разрешува судиите кои ќе му затребаат, кога ќе може да го постави својот најверен човек за министер на полицијата и кога на својот платен список ќе ги добие членовите на парламентот кои може да му легализираат каков било криминал, тој станува реална и единствена власт во земјата. Повикувањето на чест, морал или срам станува смешно во таквите околности. Зошто?/ Целата колумна можете да ја прочитате во Утрински