Што бараат жените во онлајн светот

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Темата за различните желби на мажите и жените, секогаш е возбудлива и интригира голем број научници и истражувачи.135384983-frustrated-woman-using-laptop-gettyimages-jpg_135301

Податоците кои се добиени будат интерес и помагаат за изградба на консумерска константа, која ги разликува двата пола, во однос на нивните интереси и желби.

Токму тоа ја провоцира најголемата меѓународна виртуелна заедница на Kaymu да ги истражува најинтересните работи кои ги бараат претставниците на понежниот пол во онлајн просторот.

Интересни факти:

Спроведеното истражување покажува дека најбараните нешта меѓу дамите се козметичките производи, облека и додатоци, техника. Темите кои ги возбудуваат  дамите се оние за љубовта, готвењето и совети за одгледување на деца. На прв поглед ништо чудно и невообичаено, но има претставнички на различните нации, кои силно би нè воодушевиле:

Русинките – Овие темпераментен жени бараат совети на интернет за тоа како да се изборат со штетните навики, како алкохолизмот. Макар и мал процент од нив да е посветен во потрага по одговори на оваа тема, тоа зборува за проблем кој е вкоренет во 20% од руските семејства.

Италијанките – Темата која ги возбудува италијанките во онлајн просторот е неверството. Тие бараат начини на кои ќе го фатат партнерот “во чекор”. 15% од нив го насочиле вниманието во потрага по најдобрите приватни детективи, кои можат да им помогнат во овој потфат.

Французинките – Дамите од Франција, и тоа претставничките над 40 години, бараат најчесто мислења и препораки за добри пластични хирурзи. Забележувањата се судруваат во интересот за подмладување и раст во приходите од овие процедури.

Љ.Ј.