Излегува дека најлесно се подарува подарок на човек кого не го познаваш. Секогаш можеш да “минеш метар” со нешто божиќно – играчки за елката, свеќа, кутија бонбони и т.н. Кога сепак треба да се избере нешто за некој близок, како ништо да не ни доаѓа на ум.
Божем го познаваме партнерот до болка, а не можеме да се сетиме за нешто со што ќе го израдуваме. Причината лежи токму во тоа што го познаваме толку добро и сакаме да му помогнеме да ги оствари најголемите желби, кои пак … ретко се ни по џебот. Се согласуваме дека патувањето до Тибет би бил супер потег од ваша страна. Или пак купувањето последен модел скапи јапонски автомобили …Но?!
За оние од вас кои сè уште не се одлучиле за некоја опција, еве неколку предлози за освежување на мислата:
Билети за …
Омилениот бенд, омилениот тим, омилената театарска претстава, со нетрпение очекуваниот филм во кината. Согласно со поводот предвидете билет и за себе или за некој негов пријател.
Предмет со сентиментална вредност
Имајте на ум дека речиси секој предмет може да се здобие со сентиментална вредност, ако го најдете вистинскиот начин да го принесете. Дрвена или метална типска маска за телефонот со изграфирани негови и вашите иницијали не само што ќе ја круниса на некој начин вашата врска, но и ќе го врзе емоционално партнерот.
Календар за новата година
Посегнете длабоко во меморијата и спомнете за најсреќните моменти заедно по месеци: неверојатен одмор на море, качување во планината, пикник во паркот, првиот пат кога сте отишле на кино, раѓањето на првото дете … Најдете слика од тоа време и закачете ја на секој месец од календарот. Будете ја вашата имагинација – ако убавите моменти се премногу, можете да направите и колаж.
Маестрален подарок за мајсторот
Ако партнерот ви е креативен и сака да се занимава со автомобилот, со стари апарати за домаќинство или техника, побарајте му нов комплет алати за да му вршат најдобра работа. И онака веќе половина прекинувачи се изгубени и користи еден шрафцигер за најразлични завртки …
Подарок за господин
Паричник, часовник, вратоврска – подароци кои ќе ја подвлечат мажественоста кај нив и ќе ги направи наредени и организирани, точни и домот – зошто да не?
Игра
Иако малку се пораснати за компјутерски игри, малку мажи би одбиле да поседат за кратко барем пред екранот, играјќи виртуелен лик и истражувајќи паралелен имагинарен свет.